“Зголемениот број на заболени може да се каже дека е очекуван заради начинот на тестирање што го применивме деновиве, денеска имаме и највисок бој на тестови, па многу рано се идентификуваат носителите на вирусот. Сметаме дека бранот многу кратко ќе трае. Комисијата за заразни болести во недела ќе се заседава па планираме од понеделник да нема никакви рестрикции исто како што беше и пред четвртокот. Исто така планираме да се отворат границите, да проработат хотелите“соопшти денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Инаку, во изминатото деноноќие направени се 1.272 тестирања и потврдени се 180 нови случаи, од кои во Скопје се најголем број. 15 семејства ja носат 90% од бројката на заразени, што значи дека болеста се шири во неколку тесни кластери.
Починати се двајца пациенти, еден на Инфективната клиника, станува збор за пациент од Куманово и една пациентка од Скопје која била хоспитализирана во болницата „8-ми Септември“.