Министерот за здравство, Венко Филипче засега нема да даде оставка. Тој не кажа дали чувствува морална и политичка одговорност, но кажа дека одлука за оставка ќе донесе по завршување на истрагата. Потенцираше дека му е тешко и дека не бега од одговорност.
-Денеска имаше многу повици за моја оставка, но сакам да ја известам јавноста дека од одговорност не бегам но ќе почекам да заврши истрагата па ќа донесам одлука дали ќе поднесам оставка бидејќи самата ситуација бара брзо менаџирање. Навистина се сочувствувам со сите членови на семејствата на загинатите, но ќе чекам да заврши истрагата“, рече Филипче и додаде:
-Во тој центар биле хоспитализирани 26 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани безбедно во моментов се хоспитализирани во болницата, и тие се во стабилна состојба, немаат последици од пожарот. Нема повредени ниту починати здравствени работници. Предадени се телата на 14 пациенти, за дел од нив е завршена обдукцијата за дел се одвива. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциони наоди, ќе се прават анализи на ДНК, за што се информирани и членовите на семејствата“, рече Филипче.