Во моментов има 1687 активни случаи , има 84 хоспитализирани, нема пациенти на респиратор , рече министерот Венко Филипче на прес конференцијата.
“Создадени се нови кластери во Охрид на семејна прослава на која присуствувале околу 200 лица, од нив 8 се позитивни, а 40 се во изолација. Исто така во семејна прослава во Скопје на која присуствувале околу 100 лица од нив 14 се позитивни. Сакам да кажам дека не може да се прават прослави во Скопје и Охрид кога е тоа забрането. Голем проблеми е што дел од случаи не соработуваат за анкетите не даваат точни информации, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Голем проблем во овој случај за епидемиолозите им создава несоработката на тие лица кои биле на оваа веселба во Скопје“, рече Филипче.
Епидемиолозите се уште се соочуваат со отпор и недавање контакти во Скопје, каде најголемиот број случаи се од Чаир, рече министерот за здравство Венко Филипе на денешната прес-конференција.
Владата има донесено Уредба со која лице кое ја прекршило одлуката за самоизолација или дава погрешни информации за контакти, ќе му се одреди државен карантин на негов трошок.
“Овој бран се уште трае, две од четирите жаришта, полека спласнуваат, вели Филипче, а тоа се однесува на Штип и Тетово.
Во одговор на новинарско прашање Филипче рече дека иако тој смета оти нема да има потреба повторно да се воведе ограничување на движењето, мерката би можело да биде воведена и без вонредна состојба во државата.