– Во Тетово речиси воопшто не се почитувале сите зададени мерки. Загрижува и тоа што граѓани со решение за самоизолација се шетаат надвор. Во Штип не е почитувано правилото за пренесување на работници во текстилните работници со автобус. Затоа барам поголема ажурност и контрола од МВР, како и санкции на оние што не ги почитуваат овие мерки, – изјави министерот за здравство, Венко Филипче и најави дека може да се случи да се вратат рестрикциите.
-Сакам јасно да порачам дека повторно ќе воведеме рестрикции, ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Ќе се анализираат бројките и податоците и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Во моментот се уште нема потреба за тоа, но доколку треба – ќе воведеме такви мерки.
Инаку, денеска на Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73 г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82 г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76 г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55 г) примена на 27 мај.
Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1, Кочани-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, бројката на оздравени пациенти е 1.516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.
Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.
Направените 661 теста, а досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на Ковид -19.