-Кризата повторно ескалираше на Балканот, во Србија преку 300, Бугарија над 150 ,Албанија над 70 во Косово преку 100 случаи на ден. Според СЗО, 60 проценти од случаите се регистрирани во јуни ова е доказ дека има втор бран на вирусот, кој се појави како последица на опуштање на мерките и нивно не почитување, – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Денешната бројка на заболени останува да видиме дали е варијација или тренд. Тоа е уште една потврда дека Вирусот е тука и ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени“, изјави Филипче.
-На есен посилно ќе се шири вирусот. Луѓето нема да бидат надвор, туку во затворени простории. Работиме на подготовка на капацитети за есенскиот период. Имав средба со повеќе директори на болници и разгледуваме евентуално дополнителни капацитети кои би се користеле како болнички, може и студентски домови во Охрид и Битола.