“Во изминатите 2-3 дена активно се работеше на реорганизација и планирање на капацитетите со цел да одговориме на напливот на пациенти чија бројка во овој момент изнесува околу 330 во сите јавни здравствени установи во земјава, пациенти позитивни на ковид-19. Инфективните одделенија и клиниките се оптоварени, дел од здравствените работници навистина се изморени после четиримесечна борба со коронавирусот. Состојбата на сите одделенија бара постојан надзор и реорганизација на работата. Од вчера на Инфективна се користи и дополнителната монтажна болница каде се сместени тројца пациенти“ , рече министерот за здравство Венко Филипче.
Од вчера на ротација во Скопје има 54 доктори и медицински сестри кои веќе работат, а веќе е направен план и за следни ротации од сите болници и здравствени домови од земјава.
Разговарано е со приватните клиники и болници, кои го нудат својот персонал.
Во следните седум дена се очекуваат повеќе пациенти да бидат примени отколку испишани и затоа мора здравствениот систем да биде подготвен.
Во однос на регионот земјите бележат раст. Три земји имаат пик Бугарија 112, Албанија 62, Косово 141 нови 45 случаи во БиХ и 59 во Србија, додаде министерот.