-Добра вест е што од денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома, рече на денешниот прес, министерот за здравство, Венко Филипче.
Денеска е регистриран уште еден смртен случај, станува збор за 79 годишен пациент од Дебар.
Во последните 24 часа во државата се регистрирани нови 26 случаи. Најмногу во Скопје 19, 3 во Куманово, а по еден случај во Дебар, Прилеп, Тетово и Крива Паланка.
Во Центарот за рехабилитација, каде беше сместен еден пациент на кој му беше дијагностициран Ковид 19, се утврдило дека осум медицински лица се исто така позитивни на коронавирус. Центарот во следниот период нема да работи, а пациентите од таму ќе ги прима „8 Септември“.
Од денеска работи уште еден пункт за тестирање, тоа е поликлиниката Чаир, а од среда и „Млин Балкан“, заради големиот број лица кои треба да се тестираат на корона вирус, а согласно податоците од матичните лекари и користењето „Мој термин“ за закажување.
Хирургот Горан Балевски е нов директорот на болницата во Охрид.