Министерот за здравство Венко Филипче вели дека од вчера е забележано мало спласнување на бројот на заразени лица и дека веројатно пикот е зад нас.
-Италијанското сценарио се користи како фраза за тоа што се случуваше на почетокот на пандемијата. Ова сценарио не се случи во нашата земја ние на секој пациент му обезбедуваме болничко лекување.Во текот на вчерашниот ден е забележано мало спласнување. Денеска полека бројот се намалува на заболени да не прецизирам ама очекуваме околу 1200 заразени лица, многу веројатно е пикот да е зад нас,но тоа ќе го кажеме во текот на наредната недела -, изјави Филипче.