Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија.
Бројот на заразени овој период се движи од 400 до 700 случаи дневно, а тој апелираше на внимателност кај граѓаните во овие зимски месеци.
„Доаѓа период на заладување на времето и почести собири на граѓаните во затворени простории. Сега доаѓаат и семејните слави, а ги замолувам граѓаните да не ги организираат славите, или да ги организираат во што помал број. Мора да бидеме претпазливи. Многу мини бранови тргнаа од тие прослави“, истакна Филипче.