“Денеска имаме пет ново заболени. Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31. Во Дебар ќе дојдат пулмолози од Клиниката во Скопје. Свесни сме дека здравствените работници се најзагрозени на вирусот. Упатувам порака до колегите здравствени работници, дека трудот што го даваат е непроценлива.“, изјави на вечерашниот прес министерот за здравство, Венко Филипче и додаде:
“Вирусот е тука, но најважно е бројката на заболени да не се зголеми нагло. Ако продолжи коронавирусот со ова темпо сите мерки ќе останат на снага, вклучувајќи ги и училиштата. Сакам да порачам, останете дома“.