Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување на телевизија Сител во однос на почетокот на учебната година истакна дека приоритет е заштитата на најмладите.
„ Нашата препорака да има физички присутни деца од првите три одделенија е со цел да се намали бројот на деца што би присуствувале во училиштето, во училниците. Бидејќи децата сигурно ќе се среќаваат на влезот, на почетокот и на крајот на денот и за време на одморите, препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите, а овие три одделенија да почнуваат во различно време со временска разлика од 10 минути. Сакаме да ги избегнеме лошите сценарија коишто ги видовме во земјите кои целосно ги отворија училиштата. Децата се преносители на вирусот, а нашата анализа покажа дека најлесна форма и најмалку процентуално, под 4%, заболуваат најмалите деца до 9 години”, изјави министерот Филипче и додаде:
„На почетокот, со физичко присуство почнуваат најмалите од прво до трето одделение и на барање на основачот, на општините, школите коишто имаат мал број на деца во класовите или мал број на класови во училиштата. Понатаму, дел од стручните училишта коишто праксата мора да ја изведуваат во самите училишта. Ќе ја пратиме епидемиолошката ситуација. Доколку таа остане вака стабилна како што е сега, овој тренд на намалување мало, но сепак намалување на бројот на случаи и намалување на бројот на пациенти коишто се лекуваат во болниците, што се едни од за нас најважните индикатори како се менаџира кризата и каква е ситуацијата со епидемијата, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други ученици од други одделенија.”.