Александра Толстој се омажи за рускиот милијардер Сергеј Пугачов, олигарх и близок соработник на Владимир Путин, а како што вели, првите неколку години живееле живот од бајка, а потоа се‘ се претворило во кошмар, за што сведочи и текстот што Александра го напиша за британски „Телеграф“.
Александра е родена во Англија, а нејзини блиски роднини се познатиот Лав Толстој, како и Патрик О’Брајан. Пред да се запише на елитен универзитет, Александра решила да отпатува во Москва и да го истражува своето семејно наследство. Таа му рекла на својот татко, влијателниот политичар Николај Толстој, дека патувањето ќе трае една година. Меѓутоа, Александра се заљубила во Русија, почнала да учи руски и сфатила дека Москва целосно ѝ го променила животот.
Нејзиниот авантуристички дух ја одвел на патувања низ светот, за кои снимала емисии и пишувала книги.
За време на една од експедициите таа го запознала Шамил Галимзјанов, кој веднаш ја воодушевил, а истиот впечаток го оставил и на нејзиното семејство, со оглед на тоа што ја советувале „веднаш да се омажи за него“.
Тие беа во брак од 2003 до 2009 година, а венчавката се одржа на имотот на Толстој во Оксфордшир, од кој Шамил ја однесе невестата на бел коњ, придружуван од музика на бенд донесен од Париз. Проблемот што веднаш се појавил е тоа што Шамил очекувал Александра да го издржува семејството, на што таа се согласила, додека не се освестила дека работи без одмор и конечно сфатила дека „не се на исто емотивно и интелектуално ниво“.
Имено, проблемот бил што никој во нејзиното семејство не се развел, па таа ја прифатила судбината во брак кој не го сакала, додека не се појавил нејзиниот „Гроф Вронски“, токму како што го опишал нејзиниот братучед Лео Толстој.
Грофот Вронски на Александра бил рускиот тајкун Сергеј Пугачов. Рускиот олигарх, еден од блиските соработници на Владимир Путин, и изгледал како остварување на нејзините соништа.
Александра и Сергеј живееле во чист луксуз во Челзи, а имале три деца Алексеј, Иван и Марија.
– Имаме медицински асистент, двајца возачи, две куќни помошнички, дадилка по англиски и руски, како и професорка по француски јазик. Тука се преселивме кога го родив моето прво дете. А потоа ја купивме и соседната куќа – наброја воодушевената Александраво едно интервју, која веќе беше навикната на живот на висока нога, но ни блиску до онаа што ја доби со венчавката со Сергеј.
– Кога го запознав Сергеј, се беше наелектризирано. Толку многу се заљубив во него – рекла Александра и додала дека се‘ било „толку романтично“ и дека никогаш не почувствувала таква поврзаност со некого.

Живееле на релација Москва-Лондон-Париз, а Александра, вели, живеела во бајка.
– Ќе ми ја дадеше својата кредитна картичка, а јас ќе одев на шопинг, можев да правам што сакам – рече таа и додаде: – Имав приватен авион. Требаше само да ги спакувам куферите и да одам каде што сакам – вели таа, а тогаш изјави и дека поседуваат бројни имоти.
Меѓу другото, семејна куќа од 12 милиони фунти во Батерси, имот од 80 хектари Херефордшир и карипска вила на плажа вредна 40 милиони долари.
Она за што не беа свесни е дека атмосферата во Русија се менува и дека Путин полека, но сигурно им врти грб на бројните сојузници. Меѓу нив беше и Сергеј Пугачов.
Сергеј, како и повеќето руски тајкуни, стекна огромно богатство по распадот на СССР. Тој беше сопственик на рудници за јаглен, дизајнерски брендови и беше сопственик на една од најголемите руски приватни банки. Тој беше толку близок со Путин што дури и отидоа заедно на одмор, а го доби и прекарот „банкарот на Путин“. Путин не ја одобрил врската на Сегеј и Александра.
– Зошто сте заедно? Таа е Англичанка. Во Русија има 140 милиони луѓе, не можеше да најдеш жена овде? Ова е лудило – му рекол Путин на Пугачов.
Потоа, во 2006 година, во Русија беше донесен закон кој им дозволуваше на тајните агенти да убиваат непријатели на државата кои живеат во странство. Пугачов се најде во окото на државата, чија банка пропадна и на суд беше прогласен за виновен за загубите. Пугачов ја напушти Русија во 2008 година, а подоцна сведочеше дека руската агенција за осигурување на депозити (ДИА) му се заканувала и барала отплата на заем од милијарда долари.
– Ме поканија во ресторан. Тие рекоа: „Треба да платите 350 милиони или ќе ви го убиеме семејството. Ако сакате, можеме да му ги отсечеме прстите на синот и да ви ги испратиме“ – рече Пугачов.
Агенцијата негира дека тоа се случило, но она што е сигурно е дека Пугачов одбил да ги врати парите. Русија го стегна обрачот околу нив до 2015 година, кога Пугачева поднесе тужба пред британскиот суд за изгубената милијарда долари.
Следеле закани, тужби, инсистирање на Сергеј да се преселат во Франција, што Александра го одбила. Постојано се криеле знаејќи дека постојано ги набљудуваат агенти, а Александра постојано се плашела за својата и безбедноста на своите деца. Врската со Сергеј станала неподнослива. Кога конечно одбила да се пресели во Франција, ситуацијата ескалирала.
– Сергеј физички ме нападна, ги заклучи децата во соба, а нашите пасоши ги стави во сеф до кој немав пристап. Тогаш нешто во мене пукна и знаев дека ни со него веќе не сме безбедни – рекла таа.
Александра открива дека откако била иселена од замокот од 12 милиони фунти на 20 мај 2020 година, таа и децата живееле без пари со кампување. Имотот го презела руската влада, а тие добиле рок од две недели да се иселат.
– Целосно не‘ отсече. Не ни помогна финансиски, а ме спречуваше да работам осум години. Летото го поминав во солзи, живеевме во неколку куфери и останавме малку кај моите пријатели, малку со роднините – вели таа.
Пандемијата ѝ оневозможила да заработи од патување, а на крајот го ставила на аукција целиот мебел и изнајмила куќа во село. Оттаму започнала нова работа со уредување на ентериерот, пренесува „Дејли мејл“.