Џенифер Пинеировиго ја споделила својата животна приказна на социјалните мрежи и кажала како Фејсбук буквално и го спасил животот.
Имено, откако на нејзината социјална мрежа се појавил спомен стар две години, Џенифер забележала дека нешто не е во ред со фотографијата. На десната страна од лицето здогледала мала точка под окото, која на почетокот не ја загрижила премногу, но по некое време мислела дека избледела.
Откако на Фејсбук се појавил спомен, таа забележала дека тогаш нејзината мана не постоела и сфатила дека има причина да се загрижи.
„Шест месеци подоцна, на мојот Фејсбук се појави спомен. Тоа беше фотографија што ја објавив пред две години, а тогаш таа дамка ја немаше на моето лице. Затоа решив да закажам кај лекар“, вели таа во едно од нејзините видеа.
По посетата на лекар и бил дијагностициран рак на кожата, кој најчесто се развива во области слабо заштитени од сонце. Сè резултирало со операција, при што на Џенифер и извадиле дел од кожата со туморот.
„Не ме заспиваа за време на процедурата, се користеше само локална анестезија. Откако ги отстранија првите три слоја на кожата, почнав малку да се грижам бидејќи можев да ја видам штетата што ја предизвика ракот. Дури дојде и докторот и ми рече дека ќе треба реконструкција. Потоа извадија уште два слоја и дури тогаш беа сигурни дека нема повеќе канцерогени клетки“, го опишала своето искуство и признала дека и понатаму е тажна што до крајот на животот ќе мора да се справува со лузните на лицето. .