Сите овие аџии оф Владата испаднаа дека се крадци кои крадат милиони од нашите пари! Кај му е местото на овој аџија, врзан со лисици среде Рамазан?“
– реагираше Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците со оваа објава на својот фејсбук-профил во врска со осомничувањето на, како што го нарекува иронично, „владиниот аџија“ -сега веќе поранешниот генерален секретар на Владата на Македонија Мухамед Зеќири дека извршил злоупотреби на својата владина функција со износ од околу 950 илјади евра.