Специјалната јавна обвинетелка Фатиме Фетаи во вечерашното гостување на 1ТВ зборуваше за падот на довербата во СЈО, како и за политичките препирки меѓу власта и опозицијата дали Катица Јанева треба да остане на чело на СЈО или треба да се повлече од таа позиција.
Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена од јавното обвинителство, која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И реално не очекувам и еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција.“ вели Фетаи.