Бунтовниците провалија и во гаражата на Ал Асад преполна со скапи автомобили, вклучувајќи мерцедес, ферари, ауди… Бунтовниците објавија дека автомобилите се „запленети“.
Едно видео, чија автентичност ја потврдил Си-ен-ен, покажува повеќе од 40 луксузни возила во голема гаража.
На снимката, меѓу другите, се гледаат црвено ферари Ф50 – кое се продава за повеќе од 3 милиони долари – ламборџини, ролс ројс и бентли. Најмалку едно од возилата е со регистарски таблички од Дамаск.
И друго видео снимено во гаражата ја прикажува истата колекција на автомобили.
Освен тоа, на видеата се гледа како бунтовниците ја ограбуваат неговата луксузна вила и земаат кутии на Луј Витон и пари од Централната банка.
Во молскавична офанзива на бунтовниците беше соборен режимот на Башар ал Асад, кој со авион побегна во Русија, која му даде азил.