Бебето ги изненадило лекарите во Унгарија поради седата коса со која се родило. Кога се родило момчето, лекарите мислеле дека е албино, но се испоставило дека само неговата коса е без пигмент.
Седата коса најпрво се припишува на постнаталниот стрес, но д-р Золтан Кумер ја негира и оваа можност. Свое мислење за овој случај дадоа лекари од целиот свет, кои најмногу го застапуваат ставот дека неговата коса моментално е без пигмент и дека за неколку години ќе потемни.
Момчето во Унгарија го добило прекарот „Малиот принц“, а се вика Бенце, во моментот на раѓање тежело 5.400 грама и било долго 54 сантиметри.
Во Унгарија момчето го добило прекарот „малиот принц“ поради неговата необична коса, а се вика Бенце. Во моментот на раѓање имал 5.400 грама и должина од 54 сантиметри, а по прегледот добил највисока можна оценка.
Албинизмот е сè уште непознат, но она што е познато е дека може да се најде кај сите раси и етникуми. Се карактеризира со делумен или целосен недостаток на меланин пигмент.