Стефана, Дарија, Урош и Ања утринава за два часа се родија во Цетиње. Целата приказна не би била необична ако четирите деца не ги родиле три сестри.
За два часа во цетинската болница се породија сестрите: Оливера Мугоша Миџор, Јасна Ракочевиќ и Јелена Вукчевиќ.
“Серијата“ на породувања утринава во 9 часот ја отворила Оливера, која го родила Стефан, па Јасна се породила со близнаците Урош и Аља и на крајот Јелена на свет ја донела малата Дарија.
Така нивната мајка Мара Мугоша за два часа добила четири внучиња од своите три ќерки.