Роџер Федерер не беше на саботната венчавка на Рафаел Надал со Марија Перело на која присуствуваа 350 гости, меѓу кои и шпанскиот крал Хуан Карлос.
Иако светските медиуми пишуваа дека тој бил поканет, Швајцарецот тврди сосема нешто друго.
-Не бев поканет, но не нѝ очекував такво нешто. Воопшто, нема да се прави проблем околу тоа. Во саботата му честитав на Рафа и не очекував да ми врати, бидејќи знаев дека беше растрчан околу свадбата. Искрено, ќе бидам задоволен наскоро да го прашам како сѐ помина, со насмевка одговорил Федерер и истакнал дека ако неговите деца одлучат да се занимаваат со тенис, со задоволство ќе ги прати во тениската академија на Рафаел Надал.