Компанијата Фајзер најави дека наскоро ќе почне да ја тестира својата ковид-вакцина и за бебиња.
Фармацевтската компанија, заедно со нејзиниот германски партнер со кој заедно ја создадоа првата вакцина против ковид-19, ќе тестира 4500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија.
Ќе учествуваат деца на возраст од 5 до 11 години, на кои ќе им се дадат две дози од по 10 микрограми, што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.
Тестирањето на новороденчиња од 6 месеци ќе започне за неколку недели, а тие ќе добијат доза од 3 микрограми.
До септември можеме да ги очекуваме резултатите за 5-11 години, додека пак за помладите подоцна.
Comments are closed.