Вакцината на Фајзер е поефикасна против варијантата делта на коронавирусот отколку АстраЗенека, но заштитата што ја обезбедува се намалува побрзо, според британската студија објавена вчера.
Истражувањето на Оксфорд опфатило 700.000 испитаници од декември 2020 година до август 2021 година.
Лицето кое добило втора доза Pfizer пред еден месец е 90 проценти позаштитено од делта отколку невакцинирано лице, покажала анализата на примероците.
Два месеци по добивањето на втората доза, разликата се намалува на 85 проценти, а по три месеци на 78 проценти.
Вакцината на АстраЗенека, според истражувањето, обезбедува заштита од 67 проценти по еден месец, 65 проценти по два месеци и 61 проценти по три месеци.
По четири до пет месеци, нивото на заштита што го обезбедуваат Pfizer и AstraZeneca се израмнува, според студијата која се уште не е рецензирана.
Овие бројки „навистина претставуваат пад“ во ефикасноста на вакцината на Фајзер, објасни др. Коен Пувелс, еден од авторите на студијата.
Сепак, истражувачите истакнуваат дека, и покрај намалувањето на нивото на заштита, „севкупната ефикасност (на двете вакцини) останува многу висока“.
Тие забележуваат дека истражувачите ја разгледале целокупната заштита од „Ковид-19“, а не заштитата од потешките форми на болеста и хоспитализациите, што е важно за „оценување на ефективноста на вакцината“.
Студијата е објавена во време кога некои земји размислуваат за вакцинација со трета доза од вакцината.