Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода.
Сударо меѓу две возила, Поло и Сеат Ибица се случила на крстосницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата.
Како што пренесуваат медиумите, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.
Обвинителката, Фатиме Фетаи, како што пишува „ин7.мк“, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не би требало да биде сериозна.