Обвинителката Фатиме Фетаи вчера беше и во Гибралтар, каде Македонија играше со домаќините во Лигата на нации и победи со 2:0 со головите на Барди и Николов.
Овој пат камерата ја прикажа Фетаи сама на трибините.
Инаку, пред само неколку месеци таа ја бодреше македонската репрезентација во Палермо заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски, Лазар Нанев, претседателот на Основниот суд во Кавадарци. По ова тие се најдоа на тапет во јавноста откако се шпекулираше дека на државен трошок биле во Палермо за да го следат натпреварот меѓу Македонија и Италија.