Натали Портман и нејзиниот сопруг, францускиот балетан Бенџамин Милепид, наводно минуваат низ брачна криза откако било откриено дека ја изневерил со 25-годишна Французинка, изјавиле извори за Page Six.
Изворот тврди дека парот минатата година одлучил да живее одвоено, но дека се уште се трудат да го спасат бракот, а на крајот на мај биле снимени како уживаат на концертот на Бијонсе.
Нивниот брак наводно е во криза откако францускиот магазин „Voici“ објавил фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната климатска активистка Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.
„Се обидуваат да ги решат работите“
„Тие не раскинаа и се обидуваат да ги средат работите. Бен прави се што може за да ја натера Натали да му прости. Тој ги сака неа и нивното семејство”, тврди изворот, додавајќи дека актерката е позната по тоа што ја чува својата приватност и дека најважно за неа во моментов е да ги заштити децата.
Американските медиуми пишуваат дека проблемите во бракот биле јавна тајна за време на снимањето на нејзиниот нов филм „May December“, кој се снимаше во јануари минатата година, а на промоцијата на филмот во Кан дошла без сопругот.
Да потсетиме дека Портман и Милпјед се запознале во 2009 година на снимањето на филмот Black Swan, за кој тој ја направил кореографијата. Тие се венчаа во 2012 година и имаат две деца, 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.