Брачен пар од Италија позитивни на коронавирус ја одбележа својата 50-годишнина од бракот на одделението за интензивна нега. Малата прослава им ја организирал медицинскиот персонал.
Сандра (71) и сопругот Џанкарло (73) се држеа за раце во своите кревети со маски со кислород на лицето во болницата Мури во општината Фермо, во источниот италијански регион Марче.
Благодарение на медицинската сестра Роберта Ферети, која дознала за 50-годишнината од свадбата, Сандра и Џанкарло имале можност да го одбележат специјалниот ден.
Медицинскиот тим организирал мала, но трогателна прослава за нив која траела само 10 минути.
Фотографијата наскоро стана вирална, предизвикувајќи големи емоции во Италија, која е силно погодена од корона вирусот.
“Сандра плачеше цело време, но не за себе, се грижеше за својот сопруг. Кога дознав дека е нивна годишнина, помислив дека треба да го прослават. открива медицинската сестра за локалните медиуми.
„Беше неверојатен момент. Понекогаш се случува чудо, како во овој случај“, додаде шефицата на единицата за интензивна нега, Лусисана Кола, велејќи дека верува оти парот ќе се извлече.