Десет лица во дресови на еден украински одбојкарски тим се уапсени на аеродрмот во Атина, откако е откриено дека се работи за лажни одбојкари.
Имено, грчката полиција уапсила десет емигранти од Сирија, кој се обиделе да стигна до Цирих глумејќи укрински спортисти. Тие на аеродромот стигнале облечени во тренерки со ознаки на украинскиот тим, а двајца од нив носеле и одбојкарски топки.
Но, на пасошката контрола полицијат приметила дека нешто не е во ред со нивните документи, односно, украинските пасоши биле лажни. Набргу сите десетмина биле уапсени.