Нетфликс пред неколку дена премиерно го прикажа документарниот филм за поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, неговиот живот и кариера, наречен „Бекам“. Она што привлече најмногу внимание во филмот е кога Викторија и Дејвид Бекам зборуваа за нивниот тежок период – односно кога медиумите пишуваа за неговата афера со неговата асистентка Ребека Лус.
Станува збор за времето кога Дејвид играше во Шпанија, во текот на 2003 година. Викторија изјави во документарецот дека ова ѝ бил најтешкиот период во животот, додека Дејвид рече не останал имун на бројните натписи во весниците.
Сепак, ова не е единствената афера која му се припишува на славниот фудбалер. Имено, како што објавија повеќе странски медиуми, бракот на Бекам бил во криза и пред 16 години, а тоа било поради една Босанка.
Имаше дури и гласини за развод во тоа време, но Дејвид и Викторија сепак останаа заедно. Имено, во 2007 година, жена со босанско потекло Ирма Ници (вистинско презиме Незировиќ) за списанието „In Touch“ изјавила дека е интимна со фудбалер.
„Водевме љубов 15 минути. На скала од еден до десет, како љубовник би му дала оценка 7,5“, рекла тогаш таа, пренесува Story.hr.