На Интернет се појави првата затворска фотографија на Татјана Ремли (43), која призна дека се обидела да изнајми убиец за нејзиниот сопруг Марко (57).
Поранешната манекенка позираше во тесна гардероба и секси долна облека, а денес изгледа непрепознатливо, пишува New York Post.
Таа неодамна беше префрлена од затворот во Сан Диего во државниот казнено-поправен дом во Чоучила, а нејзината фотографија е направена на 17 јануари.
Потсетуваме, Татјана се омажи во 2011 година, а Марк пред да се ожени со неа на сметката имал 25 милиони долари, вила, луксузни автомобили…
Сепак, сопружниците имале проблеми во бракот и конечно се развеле во мај 2023 година.
Подоцна, Татјана побарала од познаникот да ѝ помогне да најде убиецот за нејзиниот сопруг. За злосторството и отстранувањето на телото била подготвена да плати два милиони долари. Меѓутоа, личноста што планирала да ја ангажира отишла кај нејзиниот поранешен сопруг, кој веднаш повикал полиција.
Во договор со надлежните, на Татјана ѝ била поставена стапица, а таа паднала во неа.