Вистински скандал кој го потресе целиот фудбалски свет се случи вчера на натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризерспор. Главниот судија на овој натпревар, Халил Умут Мелер беше претепан од претседателот на домаќините Фарук Коџа.
Судијата кој заврши во болница каде што се разговараше и со претседателот Ердоган раскажа што се случувало во моментите кога бил удрен, но кога лежел на теренот добивајќи удари по телото.
“Фарук Коџа ме удри под левото око и паднав на теренот. Како што може да се види додека лежев добивав многу удари со клоци по главата и другите делови од телото.
Освен ударите ми се закануваше зборуваше: „Готов си! Ќе те убијам…“. Дефинитивно ќе поднесам тужба против него и против сите кои ме удираа. Не сакам никаков компромис“, порача Мелер.
Инаку, Фудбалската федерација на Турција го суспендираше целото првенство на неодредено време по овој скандал.
https://twitter.com/i/status/1734505557988393018