Канје Вест е обвинет од многумина за „перење мозок“ на неговата сопруга Бјанка Ценсори, откако сподели нова фотографија од неа на Инстаграм на која се гледа како готви гола.
29-годишната девојка носи оскудно бикини, кожна маска за лице и црни чизми.
„Ова е всушност болно“, „Зошто никој не ѝ помага на оваа жена?“, „Заробена е во опасна психолошка игра“, „Емотивно ја злоставува“, „Изгледа толку несреќно и понижено. Таа му е робинка и навистина е тажно“, се некои од бројните коментари на социјалните мрежи.
Не сите мислат дека Ценсори е под контрола на Вест, а некои забележуваат дека таа пораснала и може да размислува за себе. Сепак, не се само корисниците на социјалните мрежи кои се загрижени за Бјанка. Претходно беше кажано дека блиски луѓе се загрижени за нејзината состојба.
За потсетување, Бјанка и Канје се венчаа минатиот декември откако раперот се разведе од Ким Кардашијан. Парот постојано изненадува со модните комбинации. Таа често шета по улиците во проѕирни гаќички и блузи, а раперот главно е облечен во црно од глава до петици.