Во Шпанија владее потполн хаос поради коронавирусот, па се појави неверојатна информација. Имено, загубено е телото на починатиот екс-претседател на Реал Мадрид Лоренцо Санс. Тоа се случило на пат кон крематориумот.
Имено, Санс почина на 21 март од коронавирусот, а кремацијата била закажана за 24 март во Сан Изидри. Поради голема бројка на починати семејството во последен момент одлучило таа да се изврши на 40 километри од Мадрид, во Ескоријал. Но, од тогаш се губи секој траг на телото. Да биде трагедијата поголема потврдено е дека дошло до грешка во евиденцијата, па сега мали се шансите некој да го пронајде телото на Санс.