Во германскиот град Зарбрикен се случи семејна трагедија во која животот го загуби тригодишно дете.
Во текот на ноќта мајката ги фрлила своите деца на една и тригодишна возраст од првиот кат од зградата.
Потоа сама скокнала и е во кома.
Тригодишното девојче им подлегнало на повредите, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата Франк Хасенберг изјави дека децата биле фрлени од висина од пет метри и дека девојчето се здобило со тешки повреди на главата, од кои починала во текот на ноќта во болница.
Нејзината помлада сестра имала среќа и останала речиси неповредена.
Хасенберг рече дека во текот на ноќта полицијата примила повици од соседите за бучавата во станот.
Тој посочи дека постојат индиции дека жената била во „психички вонредна состојба“.