Порталот ,,Фактор“ објави дека УЈП, најверојатно, според нивни сознанија, ја блокирале сметката на телевизијата на Бојан Јовановски, познат како Боки 13.
Во текст со наслов ,,УЈП ја блокираше сметката на 1ТВ?“, Фактор пишува дека Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ. Веста засега не е потврдена, но според информациите до кои дојде „Фактор“, даночниците сметката ја блокирале уште вчера.
Од ,,Фактор“ утрото побарале одговор од УЈП, дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски.
Инаку, 1ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка. Oд новинарските имиња кои се во телевизијата меѓудрогите се и Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Гордана Дувњак, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Јадранка Костова и други, пишува Фактор.