“ Во Македонија 35 лица се заболени од корона вирус. Од утрово на ковид -19 се позитивни уште 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.Се прават тестирање на уште 30 лица. Еден од Куманово, два од Скопје, а останатите од Дебар и околината“ – изјави министерот нза здравство Венко Филипче на денешниот прес.
“ Кај веќе заболените ситуацијата им е стабилна.Сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика. Стабилни е и пациентката која е на респираторен систем“.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.
“Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија. Што се однесува на количините на крвните деривати тие се доволни во моментов. Граѓаните имаат клучна улога во борбата со коронавирусот“ – изјави Филипче.