Нов 30 дневен притвор е одреден за поранешниот началник на Петтата управа, Сашо Мијалков, за случајот на СЈО под кодно име „Империја“. Судијката Весна Димишкова го определила притворот поради можно влијание врз сведоци и опасност од бегство.
Ова е втора мерка притвор за Мијалков кој освен истрагата за „Империја“ во моментов има 4 активни обвиненија за случаите „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.
За „Империја“ притвор веќе добија бизнисменот Орце Камчев, газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески и уште тројца блиски соработници на семејството Камчеви.
Инаку, по бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски во Унгарија каде тој доби политички азил, повеќе обвинети во случаите на СЈО завршија во притвор.