Од осумината тестирани пациенти на корона вирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на корона вирусот.
Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар, соопшти Министерство за здравство.
Со овие новозаболени, во Македонија бројот на заразени од корона вирус се искачи на 7 лица.