Претседателот на Комисијата за заштита на населението од заразни болести доктор Жарко Караџовски се уште е хоспитализиран на Клиниката за инфективни и фербилни болести во Скопје, откако и тој и сопругата добија позитивни резултати на коронавирусот.
Доктор Караџовски за „Слободен печат“ вели дека има подобрување на неговата здравствена состојба.
-Уште сме во болница, со подобрување, ни рече тој.
Веќе единаесетти ден трае болничкото лекување на лекарот, а како што дознава „Слободен печат“ за неговото лекување немало потреба да вклучи кислородна терапија, туку лекарства.