Француските научници го идентификуваа новиот вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на коронавирусот, но велат дека нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на онаа предизвикана од вирусот корона.
Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го добила името „вирус Кристоли“, по предградијата на Париз во кој бил идентификуван, јавува Франс 24.
Научниците велат дека е рано да се извлечат заклучоци за тоа за што е одговорен вирусот, затоа што починатата жена имала неколку основни болести.
Тие посочија дека засега е познат само еден случај и дека, доколку има повеќе од нив во иднина, ќе биде можно да се добие појасна идеја за тоа каква клиничка слика е поврзана со тој вирус.
Новиот вирус припаѓа на еден вид кој најчесто ја шират комарците.
Покрај методот на откривање, новиот вирус има малку заедничко со коронавирусот.