За да се стави ширењето на коронавирусот под контрола, луѓето ќе треба да живеат под рестриктивни мерки уште две или повеќе години, смета научникот Матијас Егер кој раководи со швајцарското седиште за борба против вирусот.
Во интервју за „NHS am Sonntag“, епидемиологот и експерт за јавно здравје Егер изјавил дека се надева дека широко распространетата вакцинација ќе започне за една година, но предупреди дека сè уште има многу пречки.
„Ние досега не го знаеме вирусот. Можно е да откриеме непријатни квалитети што ќе го комплицираат и забават развојот на ефективни и безбедни вакцини “, додаде тој.
Тој предупреди дека луѓето сепак ќе треба да носат маски, да внимаваат на својата хигиена и социјалната оддалеченост на едни од други за да се контролира ширењето на вирусот.
Во пресрет на отворањето на основните училишта во Швајцарија на 11 мај, Егер им порачал на родителите дека не треба да се грижат затоа што не постојат документирани случаи во кои децата ги заразиле возрасните, а скоро и да нема случаи на инфекција кај децата.
„Постојат 3 милиони случаи на Ковид-19 низ целиот свет. Податоците покажуваат дека децата не играат голема улога во ширењето на вирусот “, рече тој, но не негираше дека е можно заразување на деца и побара од родителите да бидат внимателни.