Хајди Клум малку и оставила на имагинацијата на најновата фотографија на која позира полугола. Таа била облечена во чуден фустан кој покривал само половина од нејзиното тело.
За најавата на новата сезона на шоуто „Germany’s Next Top Model“, Хајди Клум позирала во прилично предизвикувачки аутфит, облечена само во фустан кој повеќе личел на шал и едвај го покривал нејзиното тело.
Германската манекенка својата возбуда за почетокот на новата сезона на споменатата натпреварувачка програма ја споделила на Инстаграм со прилично провокативна фотографија.
„Толку сум возбудена – конечно почнува повторно! Следен топ модел на Германија 2023 година – од 16 февруари секој четврток во 20.15 часот на ProSieben“, рекла таа во описот на објавата.
Фустанот што го носела некои потсетувал на марама бидејќи успеал да и ги покрие само градите, а половина од телото било целосно откриена.
Поради прилично уникатниот и непрактичен дизајн, таа не носела долна облека одоздола, а деловите од ткаенината се обидувала да ги држи на место со едната рака.
Поранешната ѕвезда на шоуто „Project Runway“ е водител, главен судија и извршен продуцент на натпреварот „Germany’s Next Top Model“ кој е во етерот од 2006 година.