66-годишната д-р Зора Љушеска-Трајческа, специјалист по физикална медицина и рехабилитација во охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ е трето медицинско лице од Охрид кое почина по компликации од ковид-19. Д-р Љушеска-Трајческа починала вчераутро, во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Претходно била хоспитализирана во Општата болница во Охрид.
Досега во Охрид битката со коронавирусот ја загубија медицинската сестра Дијана Димоска и д-р Драган Спасески- Охридски, кои од почетокот на коронакризата се во првата линија на борбата против ковид-19.