Возачот починал откако шеснаесет часа го возел автобусот со матуранти од Сремска Митровица на екскурзија во Северна Италија. Трагичниот настан што се случил во местото Лидо ди Јесоло во околината на Венеција, потресе група од околу 100 матуранти од медицинското училиште во Сремска Митровица кои тргнале на матурска екскурзија во Италија, пренесуваат српските медиуми.
Матурантите сѐ уште во шок од трагичниот настан, потвриле дека еден од возачите што ги возел на екскурзијата синоќа починал, најверојатно, како последица на срцев удар. Тие забележале дека возачот не се чувствувал добро за време на вечерата, а потоа состојбата му се влошила. Веднаш интервенирал докторот што ги придружувал матурантите на екскурзијата, но реанимацијата не успеала и возачот набрзо починал.
Учениците моментално се сместени во хотел во Лидо ди Јесоло и денеска според планираното треба да ја продолжат екскурзијата во Верона. Децата во вторникот наутро заминале на екскурзијата која според планот треба да трае до сабота.
Екскурзијата на матурантите од Сремска Митровица било планирано да се одвива во неколку етапи, почнувајќи од патувањето во Љубљана, со планиран одмор и продолжување на патувањето до Лидо ди Јесоло во околината на Венеција каде што се случил трагичниот настан.