Атрактивната пејачка Радмила Манојловиќ и нејзиниот девет години помлад колега одлучија да се венчаат, но тоа ќе биде тајно, без медиуми и најава.
Идните сопружници решија да се заколнат на вечна љубов на егзотична дестинација, а се уште се двоумат дали тоа ќе биде Малдиви или Бора Бора.
„Рада и Харис конечно ги преминаа сите детски болести. Нивната љубов, после сите бурни времиња и несогласувања, е конечно цврста и затоа решија да ја официјализираат. Таа вест не ја соопштиле ни на своите најблиски роднини, а знаат само неколку блиски пријатели“, вели извор кој е добро упатен во нивниот љубовен однос.