Уште една Македонка почина во несреќата во Србија Минатонеделната автобуска несреќа во Србија ја зеде и четвртата жртва. Македонската државјанка С.Т. им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Ниш. Таа имала скршеници на карлицата што довело до руптура на мочниот меур. Итно е оперирана, но поради тешката состојба, беше прилучена на апарати за дишење.
Со нејзината смрт, билансот од сообраќајката кај Лесковац се искачи на четири починати и 32 повредени.