Авторите на американската серија „Симпсонови“ повторно погодија. Тие уште на 17 март 1996 година го предвидоа насилството што се случи на Капитол Хил во средата откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Капитол, со цел да спречат Конгресот да ја потврди изборната победа на Бајден.
Имено, во 18-та епизода од седмата сезона на познатата анимирана серија „Семејството Симпсон“, со наслов „Денот кога насилството умре“, можете да видите ликови, кои не се прикажуваат како луѓе, како упаѓаат во Капитол држејќи пушки, па дури и бомби.
Во истата епизода, кловнот Красти претставува „Јас сум амандманот што ќе биде“, обид да се забрани палење на знамето со уставен амандман.
Сепак, она што ја обиколи планетата на социјалните мрежи со молскавична брзина, е предвидување на „Симпсонови“ за 20 јануари 2021 година.
Тоа е официјалниот датум на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.
Сликата што ја споделија корисниците на „Твитер“ е од епизодата „Куќата на дрвото од хоророт 31“.
Тоа беше четвртата епизода, 32-та сезона од серијата, која беше прикажана на 1 ноември 2020 година.
На неа се гледа Спрингфилд во хаос, расфрлен со апокалиптични слики, додека Хомер Симпсон седи вооружен на покривот од својата куќа.
Подолу е датумот – 20 јануари 2021 година.
Многу корисници на Твитер се прашуваат дали ова може да биде уште едно, од многу предвидувања во серијата…