Бугарски новинар известувал во живо додека пред Собранието имаше протести пред гласањето за францускиот предлог.
Овој македонски јунак му дојде во кадар и му кажа како стојат работите кај нас во Македонија. Бугарскиот новинар се обидуваше неколкупати да го оттргне од себе, но тој си го кажа своето, а цела бугарска јавност имала можност во живо да го чуе.
Да се потсетиме на виралниот хит, кога пред 3 недели новинар од бугарска телевизија известуваше за протестите против францускиот предлог во Скопје кои траат речиси цела недела.
Застанат пред Собранието, новинарот известувал за ситуацијата кога еден демонстрант му пришол, а на прашањето зошто Северномакедонците протестираат, му дал одговор кој стана хит на социјалните мрежи.
„Македонци само, не Северномакедонци. Не може да ме попиташ, може да те пошљакам“, му одговори момчето.