Нови 14 дена вонредна состојба прогласи претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.
Инаку, денеска беше последниот ден кога истекува третата, двонеделна вонредна состојба што ја прогласи Пендаровски на 15 мај.
Почнувајќи од 18 март досега се донесени три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.