Пејачката Обри Одеј тврдела дека наводно имала афера со Доналд Трамп Јуниор, а сега одлучила да открие некои непознати детали од нивната романса.
Семејството Трамп отсекогаш го привлекувало вниманието на медиумите и јавноста, најмногу поради бројните скандали и секс афери. Синот на поранешниот претседател, Доналд Трамп, се нашол во центарот на аферата која наводно се случила во тоалетот на геј клуб.
„Водев геј клуб и тоа беше првата наша заедничка средба. Тој толку многу сакаше да ме види и му реков: „Па, вечерва ќе бидам во геј клубот“. Дон се појавил на една од најголемите геј забави во Њујорк. „Сите беа по гаќички, а некои и без тоа“, истакнала таа според пишувањата на странските медиуми.
Била убедена дека тој таму нема да се забавува, но всушност му било „супер комфорно“ и покрај неговите анти-ЛГБТ ставови.
Го погледнав неговиот „Инстаграм“ профил за првпат по неколку години и видов дека објавува секакви шеги со кои ја омаловажува геј заедницата … Си помислив: „Човеку, многу се забавуваше во тој геј клуб. Всушност, толку опуштено, што на крајот заедно отидовме во тоалетот и таму се случи нашиот прв сексуален однос – во мојот геј клуб“, открила таа.
И ако тоа наводно бил нивниот прв физички интимен контакт, Обри тврдела дека тие претходно имале силни емоции еден кон друг. Љубовта се родила додека работеле заедно на американската ТВ игра „Celebrity Apprentice“ („The Apprentice“), за млади претприемачи – уште во 2011 година. „Мислам дека прилично брзо забележавме дека истите работи ни се смешни, додека другите не се смееја. Си намигнувавме еден на друг ако нешто нè смееше … Како во душите да се познававме“, признала таа.
Во времето на наводната афера, Трамп бил во брак со својата прва сопруга, Ванеса Трамп. Нивниот брак траел од 2005 до 2018 година. Сепак, според извор близок до Трамп, се чинело дека тој навистина „паднал“ на Одри, бидејќи наводно ѝ рекол на сопругата дека ја остава поради неа, но семејството го притиснало да остане во брак.
Сепак, дури и ако претходно изјавила дека се „сродни души“, Обри признала дека повеќе не го препознава „човекот кој станал политичар“.
„Знаете каков либерал сум и знаете колку се борам за социјална правда затоа што сум родена и израсната од еден од нив. Не постојат шанси да сум сакала некој што е како тој денес. Тоа ви покажува колку е променет и колку не е човекот што некогаш ми беше „сродна душа“.
Таа првпат проговорила за нивната романса пред неколку години.
„Го сакам. Сакам, уште го сакам. Ќе го сакам засекогаш. За жал, гледам дека одбрал живот кој е неавтентичен поради статусот, моќта, што и да е. Толку многу сум разочарана од тоа во што се претвори“, изјавила таа, додека Доналд никогаш не ја коментирал нивната наводна афера.