Претседателката на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска утрово објави Фејсбук статус во кој го обвини Министерот за здравство, Венко Филипче дека е најнеспособниот министер кој Македонија го имала или ќе го има во иднина.
-Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има. Умираат луѓе на секој чекор, се борат за живот, бараат спас каде ќе стигнат, одат по други држави да се вакцинираат изложувајќи се на опасност од зараза, економијата поради неговата неспособност по цела година да воспостави контрола е на раб на пропаст, а тој се слика без срам со 1 кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година, Уште сите амбасадори ги собрал, да се сликаат за големиов успех. Мрш, – се вели во Фејсбук статусот на Арсовска.