Наставничка во основно училиште е обвинета за убиство на партнерот и ќе ѝ се суди подоцна оваа година.
Фиона Бил (48) наводно го убила својот долгогодишен партнер Ник Билингем во периодот од 30 октомври до 10 ноември минатата година. Полицијата го пронашла неговото тело во март. Тој бил погребан во градината на нивната куќа во Нортхемптон.
42-годишниот градител бил пронајден речиси пет месеци по убиството. Полицијата потврдила дека Билингем починал од убодна рана во вратот.
Фиона Бил во петокот се појавила пред судот во Нортхемптон, а датумот на нејзиното прелиминарно судење е одреден за 12 септември оваа година, пишува Дејли Мејл.
„Треба да дојдете на судење. Ако не, судењето ќе продолжи во ваше отсуство“, ѝ рекол судијата Дејвид Херберт на наставничката.
Полицијата дошла да ја претресе нивната куќа на улицата Мур во март. Во претресот учествувало и полициско куче. На крајот, полицајците го нашле телото на Билингем закопано во задната градина. Само три дена претходно, Бил била уапсена во хотел во Камбрија.
Пред нејзиното апсење, Бил работела како учителка на во Истфилд во Нортхемптон. Таа добила отказ неколку дена откако била уапсена.